Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација дел од Европската Таеквон-до елита во Копер–Словенија

Спорт

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски црн појас V дан, поранешен светски вицешампион, од 15 до 22 април ќе учествува на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Копер–Словенија.

Нашата репрезентација ќе ја претставуваат десет членови од кои, три официјални лица, едниот е и тренер и официјално лице, двајца тренери, и шест натпреварувачи.

Марјанчо Лазаревски, претседател на М.Т.Т.Ф и национален тренер црн појас V дан

Зоран Парулески, потпретседател на М.Т.Т.Ф

Даниел Крстески, претседател на дисциплинска комисија на М.Т.Т.Ф

Давид Велковски, национален тренер црн појас I дан

Боите на нашата земја во Словенија ќе ги бранат шестмина натпреварувачи, и тоа актуелната европска шампионка Христијана Парулеска, Давид Крстески, европски вицешампион од 2022 година, Елена Јанеска исто европска вицешампионка од 2022 година, потоа Марио  Крстески, државен првак во борби, Софија Колушоска, државен првак во форми и Владимир Димитриевиќ, исто така државен првак во борби.

,,Сите членови на нашата екипа имаат антидопинг сертификати, кои се задолжителни за учество на сите врвни натпреварувања. Подготовките се реалзираа последните два месеци секојдневно, под будното око на националниот селектор Саша Поповски црн појас В дан, го дадовме максимумот и се надеваме на солидни резултати. Според нивниот историјат на успеси, можеме да веруваме во нашите натпреварувачи“, изјави пред заминувањето за Словенија Марјанчо Лазаревски, претседател на МТТФ и предводник на нашата репрезенатција.

Тој појасни дека сите репрезентативци се добро подготвени за да ја претстават нашата држава во најубаво светло што е добар показател, основа за верба во добар пласман.

– Нашите репрезентативци имаат освоено  многубројни медали, па се надеваме дека ќе го дадат максимумот и ќе не израдуваат со добар пласман, вели Лазаревски.

Please follow and like us: