(ОТВОРЕНО ПИСМО) Подолг период поединци во НП Галичица вршат притисок и мобинг врз вработените

Охрид

До нашата редакција пристигна отворено писмо од Претседателот на Синдикалната Организација при Јавната Установа Национален Парк Галичица Охрид.

Писмото ви го пренесуваме интегрално:

“Почитувани сакаме да ја информираме пошироката јавност дека подолг временски период непрекинато од страна на поединци во установата се врши притисок и мобинг како и кршење на работничките права врз вработените воедно членови на синдикатот, а посебно врз преседателот.

За сите овие состојби синдикатот направил неколку претставки до Трудовиот инспекторат во Охрид и Струга при што инспекторатот според ЗРО коректно постапил и сите ги решил во полза на синдикатот. Исто така бидејќи работничките права не се почитувале дел од вработените поднеле и повеќе тужбени барања до Основен суд Охрид каде ги добиле сите поднесоци во нивна полза освен еден каде и покрај десетици матријални несоборливи докази и вештачења извесна судивка од Охридскиот суд со иницијали И. Т. им го одбила од само нејзе лични причини тужебеното барање при што истата е пријавена до Антикорупциска и Судски Совет на РМ од каде имаме информации дека е отворена постапка за предметот, а ќе бараме изземање на овој судија за истиот предмет. Од вакви горенаведени судии довербата кај граѓаните е само 2% во судството.

Исто така информираме дека имаме поднесено неколку кривични пријави до ОЈО Охрид, Стопански Криминал Охрид, Управна Инспекција, против Управниот Одбор на НП Галичица составен од 5 члена (3 надворешни и 2 внатршни) за злоуботреби и несовесно работење како највисок орган и тоа:

бр. 1. Непоканување на седници на член на синдикат за што имаат заработено неколку опомени.

бр. 2. Селективно пристрасно одлучување по жалби за дисциплински мерки за вработени

бр. 3. Реализација на огласи за вработување по нивна мерка без интервјуа без бодирање и исполнати услови спротивно на ЗРО и Колективниот Договор.

бр. 4. Тршење на средства на установата за скапи ручеци по елитни хотели после одржана седница иако напоменуваме дека завршната сметка на установата за 2023 година која е јавно достапна изнесува минус -.2.286.438.00. Да е злоупотребата поголема управниот одбор во месец Декември 2023 год. и покрај острото противење на синдикатот и покрај негативната сметка си ги зголеми патните трошоци и хонорарите за 100 %., и истите земаат секој месец хонорари, а одржуваат само 3 до 4 седници годишно, со овој потег ја ставија установата во уште поголема финансиска криза и неизвесност, бидејќи установата средства за функционирање обезбедува од екосистемски услуги и од донатори од странство. Синдикатот замолува за медиумски простор каде ќе бидат презентирани сите доказни матријали.

На потег се институциите да ги расчистат овие самоволиа на горенаведените”.

Please follow and like us:
Tagged