ВМРО-ДПМНЕ со 4 пратеници од Охрид, СДСМ со НУЛА

Охрид

ДИК обработи 100 отсто гласови на парламентарните избори, по што познат е новиот состав кој треба да работи во корист на граѓаните во наредните 4 години. Доминантна партија во Собранието ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, односно коалицијата предводена од оваа партија. На 11 парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ обезбеди 58 мандати, додека СДСМ тројно помалку, односно 18.

Од Охрид во законодавниот дом влегуваат четири пратеници, сите од ВМРО-ДПМНЕ, тоа се Сашо Донев, Лидија Петкоска, Грација Бакраческа, од 5 изборна единица, и Александар Николоски, од 4 изборна единица.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, од СДСМ првпат после долго време нема претставник од Охрид.

Please follow and like us:
Tagged