Успешно реализирана еколошката акција „Генералка Викенд“ во Охрид

Охрид

Голема количина на ПЕТ амбалажа и мешан отпад беа собрани во рамки на еколошката акција „Генералка Викенд“ која се одржа во петокот на 17-ти мај 2024 година во Охрид.

Акцијата ја реализираа Општина Охрид и ЈП „Охридски Комуналец“ со поддршка на Шпаркасе Банка и Kостал Македонија.

Во рамки на теренските активности беше опфатен потегот од плажата „Горица“ до поранешната детска болница и хотел „Метропол“ до населба Лагадин и село Пештани.

Во акцијата учествуваа и дел од основните училишта и градинката со чистење на дворните места. Учениците од ООУ „Св.Наум Охридски“ од Пештани ја чистеа и плажата во селото.

Еколошката акција беше организирана од компанијата „Мен енд маунтен“ со поддршка на „Пивара Скопје“, „Пакомак“ и „НУЛА отпад“.

Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина и природата.

Weekend_generalka_20052024001
Weekend_generalka_20052024002
Weekend_generalka_20052024003
Please follow and like us: