М.Т.Т.Ф. од “ГРАН ПРИ Српски Соко 2024” Зворник, БИХ, се врати со 10 златни, 9 сребрени, 4 бронзени медали, 2 Пехари за најдобри поединци и Пехар за второ место екипно

Охрид Спорт

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација, на 25 мај, учествуваше на Меѓународниот натпревар “ГРАН ПРИ Српски Соко 2024” во Зворник, БиХ, кој е еден од најсилните натпревари за пролетната натпреварувачка сезона, каде се собираат критериуми и рејтинг за учество на Европски и Светски првенства .

Репрезентацијата на М.Т.Т.Ф. беше составена од 17 натпреварувачи од 4 клубови, тројца судии, двајца тренери и две официјални лица. Учество на овој натпревар зедоа над 400 натпреварувачи од 38 клубови од 11 земји од Европа и тоа: Италија, Грција, Унгарија, Хрватска, Словенија, Австрија, Унгарија, Романија, Србија, Бугарија и Македонија.

Конкуренцијата беше жестока, но нашите натпреварувачи кои се натпреваруваа во две дисциплини, форми и борби, направија повторно да се гордееме со нив , освојувајќи 10 златни, 9 сребрени и 4 бронзени медали, 2 пехари за најдобри поединци, додека во севкупен пласман го освоија пехарот за второто место.

Нашите најдобри поединци и овој пат го потврдија својот квалитет. Давид  Крстески, освојувач на брознен медал во борби од последното Европско првенство во Копер, Словенија, се натпреваруваше во две дисциплини, во две возрасни  категории, -63 кг.јуниори 16-17 години, и -64 кг. сениори, при што освои две злата, и во борби и во форми и беше награден со пехар, додека во сениори освои златен медал во форми и сребрен медал во борби.

Христијана Парулеска исто така се натпреваруваше во две дисциплини (форми и борби) во 2 возрасни категории -55 кг. помлади јуниорки 14-15 години, и -57 кг. постари јуниорки 16-17 години, освојувајќи златен во борби и бронзен во форми, во категорија 14-15 години, и среберен медал во форми јуниорки 16-17 години. Христијана беше избрана и наградена со пехар за најдобра помлада  јуниорка 14-15 години.

Елена Јанеска кој овој пат учествуваше и како судија и како натпреварувач, се натпреваруваше само во една дисциплина спаринг борби јуниорки 16-17 години -70 кг, освојувајќи го златото.

Покрај овие натпреварувачи се истакнаа и Анѓелкоски Дамјан, Теодора Тодороска, Миа Танеска, Анастасија Трифуноска, Анастасија Чулческа и Китаноски Даријан.

Please follow and like us: