Најдобрите тенисерки Спасеска и Џајкоска на средба со градоначалникот Пецаков

Охрид Спорт

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска во својот кабинет ги прими тенисерките Ана Спасеска и Маја Џајкоска кои освоија златен медал на Државното првенство по тенис што се одржа во период од 1-ви до 4-ти јуни во Тениската академија Аеродром во Скопје.

Двете млади спортски надежи од Охрид кои доаѓаат од ТК „Адвантико“, Спасеска и Џајкоска, беа најдобри во категоријата Јуниорки за двојки. Тие успеаа да ги соборат Ведрана Танеска и Марија Попоска од ТК „Охрид“ и ТК „Чери Спорт“.

На средбата градоначалникот Пецаков им честита за постигнатиот успех, со желба први места да освојуваат и во иднина, а локалната самоуправа ќе продолжи да го поддржува секој спортски проект што е од јавен интерес и општо добро.
Ана Спасеска и Маја Џајкоска во континуитет, подолг период имаат најдобри резултати и освојуваат први места на општински и државни натпревари.

Please follow and like us: