Тројца охриѓани повредени во сообраќајна несреќа на патот Гостивар-Кичево

Охрид Црна хроника

На 27.06.2024 година околу 20.30 часот, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај месноста „Сатеска“, патнички автомобил „Рено Флуенце“, со охридски регистарски таблици, што го управувал З.Ј.(63) од Охрид, излетал од патот.

Возачот и три лица-сопатници во автомобилот, со медицинско возило се пренесени во Општата болница во Кичево каде, кај сопатникот Б.Ј.(33) од Охрид, биле констатирани тешки телесни повреди.

Возачот З.Ј. и вториот сопатник С.Ј.(61) од Охрид, се здобиле со телесни повреди додека кај третиот сопатник, М.С.(35) од Охрид, не биле констатирани повреди.

Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Please follow and like us:
Tagged