Николоски: Како ќе правиме ќе правиме, автопатот Кичeво- Охрид ќе го завршиме до крај на 2026 година

Охрид

Ветувањето кое што го дадовме дека до крајот на 2026 година ќе има функционален автопат Кичево-Охрид, ќе го реализираме. Како ќе правиме ќе правиме, автопатот Кичeво-Охрид ќе го завршиме до крај на 2026 година, истакна министерот за транспорт Александар Николоски на новинарско прашање на трибината поврзана за развој на градежништвото.

Тој истакна дека во однос на автопатот Охрид – Кичево детектирани се бројни проблеми пред се експропијацијата и дислокација на приватни објекти.

-Значи, во однос на изградбата на автопатот Охрид – Кичево има бројни проблеми. Ние ги детектираме во моментов. Дел се поврзани со експропријација, дел се поврзани со проектирање на косини, дел се поврзани со објекти коишто се на самата траса, пред се бензински пумпи коишто треба да се дислоцираат а се на самата траса и она што можам да ви кажам е дека тоа го напишавме во нашата програма, ќе го реализираме и до крај на 2026 година Охрид – Кичево ќе биде завршен, изјави министерот Николоски.

Тој најави реализација на големи инфраструктурни проекти и како што рече негова заложба ќе биде да се ангажираат домашни компании.

-Дефинитивно моја заложба број еден, ќе биде и да работат домашни компании, да се вработуваат луѓе од државата и средствата што Македонија ги инвестира во инфраструктура да остануваат во Македонија, но, уште повеќе знаењето да останува и да се надградува затоа што реализацијата на секој проект, особено на големите значи знаење и искуство плус. Факт е дека во последните години, за жал, Македонија во тој дел заостанува и мора да направиме големи чекори во периодот што следува, рече Николоски.

Please follow and like us:
Tagged