Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа, заедно со министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, го посетија Свети Климентовиот универзитет на Плаошник и на лице место увидоа во каква состојба е овој значаен споменик на културното наследство.
“Денеска заедно со министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, бевме во посета на Плаошник во чиј склоп е Свети Климентовиот универзитет чија негрижа во изминатите 7 години е фрапантна. Тие во овие изминати години одвоиле само 120 000 денари
Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ ќе одвои средства за продолжување на изградбата на Свети Климентовиот универзитет.
За многу години Петровден”, напиша пратеникот Донев на својата официјална фејсбук страница.


