Вчера во 23.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Железничка“ во Охрид, патничко возило „фиат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 39-годишен од Охрид, излетало од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата, сопатничката 34 годишната од Охрид се здобила со тешки телесни повреди, а возачот и двајца малолетни сопатници се здобиле со телесни повреди. Повредите се констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Please follow and like us:

