Поднесена пријава против лице од Охрид поради ‘лажно известување’ за кривично дело

Охрид Црна хроника

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 68-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно известување“.

– На 8-ми јули 2024 година, пријавениот лажно пријавил кривично дело „затајување“, при што навел дека работната машина – дробилка не му била доставена до местото каде што е договорено и дека е во сопственост на правното лице, чиј управител е тој, иако машината била сопственост на друго правно лице, информираат од МВР.

Please follow and like us: