Кривична пријава за 54 годишен Охриѓанец

Охрид Црна хроника

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 54 годишен жител од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 22.08.2024 полициски службеници извршиле претрес во угостителски објект и помошни простории, сопственост на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин и тетрахидроканабинол.

извор: СВР Охрид

Please follow and like us: