Ден 9-Ohrid Water Festival 2024

Охрид Спорт

“🏊Со доделување на наградите на овогодинешните победници на Охридскиот пливачки маратон вчеравечер финишираше овогодинешната програма на Ohrid Water Festival.

⛵Исто така беа доделени наградите на најдобрите учесници „МЕЧ РЕЈС Европски куп 2024“ на кој се натпреваруваа екипи од Франција, Грција, Полска, Шпанија и Македонија.

🖼️Во организација на Подрачното одделение на Државниот архив вчеравечер беше отворена изложба под наслов „Победници на Охридскиот пливачки маратон“ на која беа изложени фотографии од претходните изданија на маратонот.

🎤Публиката имаше можност да ужива во неповторлива забава со познатите хитови на групата Суперхикс.”

Please follow and like us: