Едукативната кампања на СВР Охрид наменета за најмладите „Мојот пријател полицаец“

Охрид

Вчера (03.10.2024) Отсекот за превенција при СВР Охрид, почна со реализација на  едукативната кампања наменета за најмладите „Мојот пријател полицаец“.

Притоа, полициски службеници, ја посетија детската градинка „Росица“ и низ интерактивен пристап, на 65 дечиња од предшколска возраст, им одржаа едукативни предавања со посебен акцент на областа безбедност во сообраќајот, а им поделија и соодветен едукативен материјал со низа практични совети од областа на сообраќајот.

Целта на оваа активност е запознавање на децата со улогата на полицаецот и запознавање со основните правила и прописи во сообраќајот.

Please follow and like us: