“Ова големо по значење дело за мали ученици е бесплатно доделено на 700 третоодделенци од охридските основни школи.“Охридската археолошка азбука“ со бројни илустрации pablo4d и шаренило на околу 80-ина страници е богата со скапоцени содржини.
Нашите дечиња ќе се сретнуваат со досега нечуени но битни термини и поими средени од А до Ш. Ќе разберат што е тоа Археологија, Базилика, Византија, Глаголица, Дасарети, Ѓакон, Евангелие, Житие, Залив на коските, Свонлик кратер, Имарет, Јазик старословенски, Кадмо, Лихнидос и ред други поими.
Автори на „Охридската археолошка азбука“ се факултетските професори Антонио Јакимовски, Елизабета Томевска-Илиевска, Маја Јаневска и младиот археолог, Иван Малезанов.
Во трудот има 89 археолошки поими, а 26 се однесуваат за Охрид”, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.
https://www.facebook.com/kirilpecakov/posts/1085765016896845?ref=embed_post

