Ден 2 на Охридската новогодишна приказна

Култура Охрид

“Веселата атмосфера продолжува и денеска на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.

Во 12:30 часот најмладите ќе може да уживаат во детската новогодишна театарска претстава: „Пристигна Дедо Мраз“.

Со почеток во 18:00 часот ќе започне Новогодишниот базар и хепенинг од основите општински училишта на кој ќе настапат учениците од ОУ „Григор Прличев“, ОУ „Свети Климент Охридски“ ОУ „Кочо Рацин“ и ОУ „Христо Узунов“ како и кловновите Тошо и Бозо” пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.

https://www.facebook.com/kirilpecakov/posts/1100898885383458?ref=embed_post

Please follow and like us: