Теквондо клуб Хваранг Фист: Подготвени за нови спортски предизвици во 2025 година

Охрид Спорт

Теквондо клуб Хваранг Фист е високо рангиран клуб во Македонската Олимписка Теквондо Федерација, со 4 репрезентативци во две старосни категории: кадети и јуниори.

После кратката пауза поради новогодишните празници, започнуваме со подготовки за новата натпреварувачка сезона.

Денес, нашите јуниори Ѓорѓи Петкоски и Ненад Целески заминаа на седумдневни подготовки со националниот репрезентативен тим на Република Македонија под раководство на селекторот Д-р Борче Костовски.

Нашите најдобри кадети, Јана Спироска и Петар Петкоски, утре патуваат на четиридневен семинар во Ќустендил, Република Бугарија, заедно со уште 200 натпреварувачи од регионот.

Вчера, во Скопје, во хотел Парк, се одржа редовното годишно собрание на Македонската Теквондо Федерација. На собранието беше претставен новиот систем на натпреварување согласно Законот за спорт – Македонска Теквондо Лига, која се состои од седум домашни теквондо турнири. Еден од тие турнири е и нашиот Охрид Опен, кој оваа година ќе се одржи во месец мај.

Да напоменеме дека Македонската Теквондо Федерација беше прогласена за најдобра спортска федерација за 2024 година.


ТКД Хваранг Фист
Ацо Јосифоски, V дан

  • Светски семи-контакт шампион (1996)
  • Европски теквондо шампион (2009)
  • Повеќекратен освојувач на медали од европски и светски првенства
Please follow and like us: