Заменик-министерот за економија Марјан Ристески и претставници на UNDP MK во посета на охридски бизниси

Општо Охрид

“Заедно со претставници на UNDP MK денес посетивме неколку успешни бизниси во Охрид, кои се помогнати со мерката „Поддршка за создавање нови работни места преку зелени инвестиции“ .Прво ја посетивме компанијата Оплас, корисник на зелената мерка од Оперативниот План за 2024 со грант за инвестиција од фотоволтаични панели. Фирмата се бави со производство на пластични материјали за домашен и странски пазар, која има циркуларен производен процес, односно нула отпад. Со проектот тие учествуваа со сопствена инвестиција за нова фотоволтаична централа и реализирани се 2 вработувања.

Потоа ја посетивме компанијата Клинекс професионал (Clinex Professional), корисник на зелена мерка во ОП 2022 и 2024 година. Компанијата се занимава со обезбедување хигиенски услуги за физички лица и комерцијални објекти за сместувачки капацитите во Охрид. Во 2022 година имаат инвестирано во инсталација на соларен систем за топла вода, а во 2024 гасна станица за греење.

Мерката „Поддршка за создавање нови работни места преку зелени инвестиции“ има за цел да го поттикне создавањето нови работни места и да го катализира процесот на зелена трансформација во приватниот сектор преку воведување на зелени производи, услуги, технологии и процеси во претпријатијата.

Со оваа мерка во 2024 година беа обезбедени 250.000 денари по апликант, а во тригодишниот период од кога постои мерката истата резултираше со инвестиции во износ од 93 милиони денари, создадени се 377 нови работни места и зелени инвестиции во 228 претпријатија”, најави zаменик-министерот за економија Марјан Ристески.

https://www.facebook.com/share/1EuznbwE9q/

Please follow and like us: