Приведен жител на Велгошти со марихуана и опрема за консумација

Охрид Црна хроника

На 27.02.2025 во 23.50 часот, на паркинг простор во охридското село Велгошти, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа (41) од истото село. При преглед во патничко возило „рено“, во кое бил со С.К. од Велгошти, кај него била пронајдена и одземена марихуана, грендер со остатоци од марихуана и стаклен предмет со семки од канабис. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Please follow and like us: