Стружанец насилно влегол во паркинг на „Комуналец“ и го однел сопственото возило – поднесена кривична пријава

Охрид Црна хроника

СВР Охрид поднесе кривична пријава против (51) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на докажување“ по член 368 од Кривичниот законик. На 10.01.2025, пријавениот отишол во јавното претпријатие „Комуналец“, со употреба на сила ја отворил вратата од паркингот каде се оставале возилата кои биле подигнати од шлеп службата на ЈП „Билјанини Извори“, го отклучил и стартувал своето возило „фолксваген поло“ со струшки регистарски ознаки, а кое претходно било подигнато од шлеп службата на претпријатието и заминал.

Please follow and like us: