Пишува: Слободан ТОМИЌ
ЗОШТО СЕГА ПЕНДАРОВСКИ ЈА НАПАЃА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА?
Стево Пендаровски, човек без политичка тежина, кој цел мандат беше нем набљудувач на распадот на Македонија под СДСМ-ДУИ, одеднаш доби задача – да го нападне Доналд Трамп.
Но, зошто токму сега?
Одговорот е јасен: глобалистичките центри на моќ се во паника! Длабоката држава губи контрола во Вашингтон, а Соросовите марионети во регионот добија наредба – секој што има функција, без разлика колку е безначаен, да влезе во битка против новата американска администрација. Пендаровски не зборува сам.
Тој е обична алатка на истите луѓе што ја ставија Македонија во политичко ропство.
Со овој потег, се обидува да ја саботира шансата Македонија конечно да се ослободи од канџите на Бајденовите бирократи и соросовите агенди.
ПЕНДАРОВСКИ, ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ – ДВОЛИЧНОСТА НА ПРЕДАВНИЦИТЕ
Не е првпат овие политички шибицари да плукаат по Трамп. Уште во 2017 година, кога тој ја презеде власта, СДСМ демонстративно го игнорираше Вашингтон и продолжи со својата безрезервна послушност кон Бајденовиот клан.
Но, фактите зборуваат сами за себе:
- На денот на инаугурацијата на Пендаровски како претседател, Заев воопшто не беше во парламентот.
- Наместо да му даде поддршка на својот кандидат, тој возеше мотори низ струмичките села заедно со својата мрачна сенка – Венко Филипче.
- Пендаровски подоцна му врати „услуга“ и го „офираше“ Заев за бројни криминали, откривајќи дека владата на СДСМ и ДУИ однапред знаела за војната во Украина, но не направила ништо за да ги заштити граѓаните од економскиот шок.
- Наместо тоа, тие се впуштија во коруптивни зделки и милионски шверц.
Ова е класичен пример за политички канибализам – кога корумпираните играчи меѓусебно се „јадат“ за да спасат дел од своето богатство и влијание.
БУЈАР ОСМАНИ И АРТАН ГРУБИ ГО ПРОДАДОА УСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА
Оваа владина клика одамна покажа дека Македонија им е последна грижа. Бугарскиот диктат, т.н. „француски предлог“, кој самите го прифатија, е нивно дело. Пендаровски лично призна дека тој го составил овој предлог!
Но, има уште пострашен факт: Бугарите беа внесени во Уставот уште оред време, со ветување дадено од Бujaр Османи и Артан Груби директно на Румен Радев!
Имено,на 22 мај 2022 година, на средба со бугарскиот претседател Радев, Бујар Османи пред камерите изјави дека Македонија ќе ги внесе Бугарите во Уставот.
Овој момент е незаборавен: пред камерите, Османи предложи да ги внесеме Бугарите во Уставот, како што се направи со Албанците.
Но, иако Османи го направи ова ветување, не се случи ништо!
Ниту еден политичар не поднесе оставка, иако ова беше од големо национално значење.
Единствениот кој тогаш побара оставка од Османи беше македонскиот амбасадор во Бугарија, Зоран Дабиќ.,кој изјави “Ова е велепредавство!”
КУЧИЊАТА НА ЗЛОТО – СЛУГИТЕ НА СОРОС ПОВТОРНО ЛААТ
Секогаш кога Македонија добива шанса да излезе од канџите на длабоката држава, се активираат истите марионети:
- Пендаровски, кој никогаш немал свој став, туку само го повторува она што му е кажано.
- Бојан Маричиќ, кој слепо ги брани Бриселските бирократи.
- Десетина „аналитичари“ и новинари од НВО-секторот, кои за ситни пари ја продаваат Македонија.
Сите тие добија нова задача – да го оцрнат враќањето на националните политики и да го нападнат Трамп. Но, дали во тоа ќе успеат?
МИЦКОСКИ – ЛИДЕРОТ ШТО ЌЕ ЈА СПАСИ МАКЕДОНИЈА ОД ВАЗАЛСТВОТО
Додека Пендаровски и неговите соросови господари се обидуваат да ја саботираат новата политичка реалност, Македонија конечно има лидер што знае каде оди.
Христијан Мицкоски ја постави државата на нов курс – курс на стабилност, економски развој и заштита на националните интереси.
За разлика од претходните влади, кои работеа како извршители на туѓи агенди, неговата политика се базира на прагматични решенија, а не на послушност.
- Македонија повеќе нема да биде тест-полигон за Сорос и USAID.
- Владата ќе се бори за економски партнерства што носат реални резултати, а не само празни ветувања.
- Националниот интерес ќе биде на прво место, без разлика на притисоците од Брисел или Вашингтон.
ПЕНДАРОВСКИ ВО ПАНИКА – ЗОШТО ТОКМУ СЕГА ГО НАПАЃА ТРАМП?
Сите челници на ЕУ деновиве одат во Вашингтон и молат за состаноци со новата администрација. Сите сфаќаат дека играта се менува.
Но, Пендаровски, кој е заложник на длабоката држава, сега добил задача да прави спротивно – да напаѓа. Дали тоа е негов личен став?
Не!
Тоа е директен налог од глобалистите, кои се обидуваат да спречат Македонија да излезе од нивните канџи.
Мицкоски не смее да биде осамен во оваа битка!
Македонија треба да застане зад вистинското државничко лидерство и да стави крај на клиентелизмот што ја уназади земјата.
Сега е моментот да се избере – дали ќе се продолжи со дерогираниот статус што ни го оставија СДСМ и ДУИ, или ќе се застане на страната на суверенитетот и националните интереси?
Македонија има шанса за нов почеток.
Пендаровски и неговите наредбодавци тоа го знаат – и затоа се во паника.
Време е за Македонија што ќе стои исправено!
Без кучињата на злото!
Без продадените души!
СТ/

