КОЛУМНА: Македонија кон „народна револуција“: Борба за правда или крај на судската мафија?

Македонија

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Најновите изјави на премиерот Христијан Мицкоски, во кои најавува масовни протести доколку членовите на Судскиот совет не се повлечат по изгласаната недоверба во Собранието, отвораат прашање:

Дали ова е почеток на длабоки реформи во правосудството или народен бунт против „организирана банда“ што со години го уништува системот?

Судскиот совет – легален, но нелегитимен

Премиерот Мицкоски сликовито опиша ситуација во која членовите на Судскиот совет, и покрај тоа што добиле јасна порака од Собранието дека го немаат кредибилитетот, одбиваат да си заминат.
Ова, според него, претставува „инает“ што може да го разбуди револтот кај граѓаните.

Клучното прашање е: Во чие име работи Судскиот совет?

Формално-правно, тие не можат да бидат сменети веднаш со самата интерпелација.
Но суштински, кога народните избраници – кои се највисокиот израз на волјата на народот – ќе изгласат недоверба, станува јасно дека Судскиот совет е делегитимиран во очите на јавноста.

Судството и обвинителството – бастион на старата гарда

Не е никаква тајна дека судскиот систем во државата со години беше под целосна контрола на хибридниот режим предводен од СДСМ и ДУИ.
Назначувањето на судии и членови на Судскиот совет се случуваше во време кога овие партии ја киднапираа правдата и ја користеа за свои политички пресметки.

Но прашањето што се поставува е:
Дали оваа судска власт навистина функционира независно или е продолжена рака на старите структури?

Ако политичките елити на поранешниот режим изградија клиентелистички судски систем, логично е дека тие најмногу ќе се спротивставуваат на секоја промена што може да им ги загрози позициите.

Судството не само што не функционирало независно, туку и дозволило криминалците и мафијашките структури да цветаат, додека обичните граѓани трпат репресија.
Обвинителите – тие што треба да го гонат злото – со години беа слепи на криминалот и глуви на повиците на жртвите.

Зошто да не им се случи народ?

Во Македонија, протестите не се реткост. Секогаш кога системот откажувал, народот излегувал на улица.
Но сега, разликата е што токму премиерот најавува дека е подготвен да застане на чело на тој бран.

Ова е повеќе од предупредување – тоа е порака дека народот веќе не е подготвен да трпи неказнивост.

Ако Судскиот совет одбие да го прифати гласот на народните претставници, можно е да се предизвика уште поголемо незадоволство.

Мицкоски остро за членовите на Судскиот совет: Ќе ви се случи народ, ве разрешуваат, а вие се инатите!

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски,  во интервју за Канал 5 телевизија истакна дека ќе им се случи народ на членовите на Судскиот совет на кои им беше изгласана интерпелација, но не сакаат да се повлечат од своите функции.
Како што вели, народот е гладен и жеден за правда.

„Ќе им се случи народ, народ ќе им се случи, ќе излезе народ на улица и ќе протестира. Народот е гладен и жеден за правда. Такви се законите, ние не можеме сега друг тип на закони да цртаме или да пишуваме, тоа е, за жал, така“, вели Мицкоски.

Тој додава дека граѓаните во судството имаат доверба под 2% – што е алармантно ниско и покажува дека системот е целосно корумпиран и нефункционален.

„Замислете, имате кај граѓаните доверба под 2%, 3%, 5% или 8% – не е важно, ве разрешуваат и вие не си заминувате, водите инает. Па ќе им се случи народ. Нема играње со такви работи, прв ќе бидам кој ќе го води народот“, порача Мицкоски.

Злосторствата на „правдата“: Илјадници изгубени животи!

Судскиот и обвинителскиот систем не само што затаи во борбата против корупцијата, туку е директно одговорен за илјадници изгубени животи.

  • Слепите обвинители и глувите судии дозволија криминалот да достигне врв.
  • Илјадници граѓани годишно умираа поради загадениот воздух, а најсвеж пример е шверцот со смртоносниот мазут, кој однесе илјадници животи!
  • Медицинските установи станаа места каде што наместо спас, луѓето умираат поради нестручност или – уште полошо – со умисла.
  • Случајот со младиот Ѓорѓи Томиќ, кој на 31 јануари 2025 година под најнечовечки и нехумани околности  од страна на лекарите остави семејство и два малолетни сина, е само еден од низата примери за тоа како животи се уништуваат, а никој не одговара.

Дали обвинителството треба да биде слепо, а судството глуво, кога тие што треба да ги гонат „убијците“ овој пат се тие што се колнат во правдата и законот?

Мицкоски ја запали искрата – народот ќе ја заврши битката!

Македонија е на работ на тотален судски и политички колапс.

Десетици милиони евра украдени од народот, пресуди по нарачка, криминалци на слобода, а чесни граѓани – жртви на репресија.

 Доста беше!

Народот ќе ја донесе правдата што институциите ја убија!

Нема веќе бегање, нема засолништа за корумпираните судии, обвинители и Судскиот совет!
Тие не се судии, тие се измеќари на криминалната банда на СДСМ и ДУИ!

Судскиот систем пред колапс или пред прочистување?

Ова е историски момент – или ќе продолжи владеењето на судската мафија, или конечно ќе се случи долгоочекуваното прочистување.

Кој ќе падне – мафијата или Македонија?

Одговорот ќе го даде улицата.

Please follow and like us: