Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ категорично ги демантира тврдењата дека дел од излезите на спортската сала во Охрид се затворени. Од претпријатието истакнуваат дека овие наводи се целосно неточни и непотребно создаваат загриженост кај корисниците на објектот.
Во нивното официјално соопштение, потенцираат дека салата работи во согласност со сите безбедносни прописи и дека сите излези се целосно функционални и лесно пристапни. Дополнително, хидрантите и противпожарните апарати се редовно сервисирани и исправни, што може да се потврди со соодветна документација.
Од „Билјанини Извори“ доставуваат и фотографии и видеа како доказ за состојбата на салата и ги повикуваат сите заинтересирани да се уверат во безбедноста на објектот. Истовремено, очекуваат корекција на изнесените информации и извинување за ширењето на дезинформации.






