Физички напад и закани со остар предмет поради сообраќајно недоразбирање во Охрид

Охрид Црна хроника

На 24.03.2025 во 20.35 часот во СВР Охрид, (47) од Охрид пријави дека иоколу 17.30 часот на бул. „Туристичка“, поради недоразбирање во сообраќајот, лице од Охрид физички го нападнал и му се заканувал со остар предмет. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Please follow and like us: