Пишува: Слободан ТОМИЌ

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, Мицкоски и Тошковски – крај за судската мафија?
Македонија е на историска раскрсница. Или ќе стане правна држава, или ќе продолжи да тоне во беззаконие, корупција и криминал. Владата на Христијан Мицкоски, со поддршка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и јавниот обвинител Љупчо Коцевски, влезе во жестока битка против криминалната хидра што ја дави државата повеќе од три децении.
Но, дали оваа битка ќе вроди со плод? Или ќе биде уште еден обид што ќе заврши со компромис и бегање од правдата?
Љупчо Коцевски – новата надеж за правда или само уште еден во низата?
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски стана централна фигура во македонската јавност, особено по реакцијата на трагедијата во Кочани. За разлика од неговите претходници, кои ги штитеа криминалните структури, Коцевски даде сигнал дека нема да биде дел од корумпираниот систем.
Кочанската трагедија – првиот голем тест
Во случајот со Кочани, Коцевски покажа брза и одлучна реакција – нешто што јавноста одамна не видела.
- Наместо прикривање на фактите, како што беше пракса во претходните години, Обвинителството покрена сериозна истрага со јасни индиции за одговорност кај институциите.
- Ова е првпат високи државни функционери да бидат потенцијално инволвирани во истрага за системска небрежност.
- Прашањето е – дали ова е искрен обид за правда или само „противпожарна” реакција на јавниот притисок?
СИСТЕМСКО ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО ПРОТИВ СИСТЕМСКАТА КОРУПЦИЈА И ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ ВО МАКЕДОНИЈА
Ќе има ли правда за националното предавство?
Дали Јавниот обвинител ќе ги уапси предавниците кои го изгласаа Преспанскиот договор?
Македонскиот народ бара одговорност од оние што ставаа потписи на Преспанскиот договор, со кој насилно беше променето името на државата, спротивно на волјата на народот изразена на референдумот во 2018 година.
Клучни кривични дела што треба да бидат истражени:
- Злоупотреба на службената положба – Преспанскиот договор беше спротивен на референдумската одлука.
- Високо предавство – Договорот со Грција беше наметнат преку купување и уценување на пратеници.
- Корупција при изгласувањето на уставните измени – Докази сугерираат дека гласањето било резултат на мито и закани.
- Нелегални договарања со странски фактори – Заев и неговата власт свесно ја нарушија македонската сувереност.
Ќе покаже ли Коцевски вистинска независност и ќе ги покрене овие обвиненија?
Дали ќе бидат уапсени лидерите на СДСМ и ДУИ за исчезнати 32 милијарди евра?
Според бројни извештаи и јавни изјави на експерти, во последните години од владеењето на СДСМ и ДУИ, од македонскиот буџет исчезнале 32 милијарди евра. Ова е најголемиот финансиски скандал во историјата на државата.
Што доби Македонија за овие 32 милијарди евра?
- Ниту еден километар нов автопат – сите проекти се заглавени или раскрчмени.
- Катастрофално здравство – нема нови болници, а народот умира по ходниците.
- Образование во распад – ниту една вистинска реформа за идните генерации.
- Потрошени пари на фантомски проекти – со договори од кои профитираа криминалните структури.
Ако 32 милијарди евра исчезнале, а нема ништо изградено, каде завршиле парите?
Народот бара одговорност! Дали обвинителот Љупчо Коцевски ќе покаже храброст да ги отвори овие случаи и да побара притвор за одговорните?
Мицкоски и Тошковски: Последната линија на одбрана
Во моментите кога изгледа дека криминалниот систем е непобедлив, се појавуваат лидери кои му се спротивставуваат. Христијан Мицкоски и Панче Тошковски водат фронтална борба против системот кој три децении ја уништува Македонија.
Клучни чекори што ја вознемирија мафијата:
- Прочистување на судството, со спротивставување на корумпираните судии и обвинители.
- Засилување на борбата против организираниот криминал, со нови механизми за конфискација на незаконски стекнатиот имот.
- Реформи во безбедносните служби, со елиминирање на агентите на старата структура кои работат за странски интереси.
Тошковски, како министер за внатрешни работи, директно ја напаѓа мрежата на криминалот. Во првите недели од својата работа покажа решителност каква што немаме видено со децении.
Ќе продолжи ли битката до крај?
Почетокот е охрабрувачки, но суштинското прашање е дали оваа војна против криминалот ќе биде целосна или селективна.
Ако Коцевски, Тошковски и Мицкоски ја спроведат правдата до крај, Македонија конечно ќе може да излезе од канџите на криминалот.
Медиумите како оружје на мафијата
Но, битката не се води само во судниците и политиката. Медиумската машинерија на старата структура работи со полна пареа за да ги оцрни реформите.
Преку „аналитичари“, купени новинари и т.н. „експерти“, јавноста се манипулира за да верува дека Мицкоски е „опасност“, а вистинските криминалци остануваат недопрени.
Народот е клучниот фактор
Во оваа битка, одлучувачкиот фактор е народот. Ако граѓаните застанат зад процесот на чистење на државата, криминалниот систем ќе падне.
Македонскиот народ нема повеќе трпение. Ова не е време за калкулации, туку за правда.

