Пишува: Слободан ТОМИЌ

Македонија денес се наоѓа на крстопат. Борбата не е само политичка, туку и егзистенцијална. Додека некои ја гледаат како средство за остварување лични амбиции и профити, други ја чувствуваат како мајка која треба да се заштити.
Народот бара одговори, правда и вистински лидери, а не измеќари, предавници и фракционери кои ја распродаваат националната чест.
Едно е јасно – нема правда без вистинска казна за оние што се огрешија од народот и државата.
ЗАШТИТА НА МАКЕДОНИЈА ОД ПРЕДАВНИЦИТЕ И БЕЗР’БЕТНИЦИТЕ
Случајот со Љупчо Коцевски, јавниот обвинител кој беше избран со поддршка на СДСМ и ДУИ, покажа дека има и исклучоци од корумпираната матрица.
Неговиот пристап кон случајот во Кочани докажа дека професионализмот и патриотизмот можат да одат заедно ако постои волја за правда.
Но, дали е тоа доволно?
Не заборавајте го Таравари!
Додека Филипче и Мицкоски се под истото политичко препукување, не треба да заборавиме на министерот за здравство, Арбен Таравари, кој на дрзок начин ми испраќаше СМС-пораки со извинувања по смртта на мојот син.
Но, тука не станува збор само за извинувања, туку се бара правда и за сериозни политички игри.
Таравари, кој кога седна на министерската фотелја, веднаш се втурна во манипулативни процеси, како кастрење на гранките на високите дрвја и патокази кои не се само на албански јазик во Клиничкиот центар.
Овој човек, кој не само што не презеде одговорност за штетата направена на здравјето на мојот син, туку и го поддржуваше коруптивниот систем на Заев, сега сака да го престави како миротворец.
Министерот Таравари беше дел од политиката која го „фингираше“ извештајот за здравствената состојба на мојот син,оценува докторската и адвокатската јавност!
Според министерот, на тој извештај работела комисија од пет доктори-експерти кои не се во состојба да ги покријат фактите за убиството на пациентот Ѓорѓи Томиќ.
Затоа, барам итно да се направи РЕВИЗИЈА на тој срамен и исфингиран извештај кој беше само средство за прикривање на злосторствата.
НЕЛЕГАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА
Во оваа трагедија се вмешани лица од највисоките редови на СДСМ – Зоран Заев, Венко Филипче и нивните слуги.
Дежурната докторка Невенка Ридова свесно го уби Ѓорѓи, загрозувајќи го неговиот живот со сатурација 65 и без интубација,оценува професор доктор и многу доктори при клиниката Мајка Тереза во Скопје!
Што е тоа, ако не злосторство?
Наместо правда, гледаме како Арбен Таравари испраќа СМС-пораки со дрска изјава: „Жалам за вашата загуба, Слободан.“
Но ова не е извештај за советници или градоначалници – ова се човечки животи!
МАКЕДОНИЈА ИМА ПОТРЕБА ОД НОВИ ЛИДЕРИ, НЕ ПРЕДАВНИЦИ И БЕЗР’БЕТНИЦИ
Прашањето „дали има шанса Македонија да се ослободи од овие злосторници“ не е само теоретско, туку одговорност на секој од нас.
Македонија не може да опстане ако дозволиме да продолжат да владеат тие што ја продаваат за ситни интереси и лични бенефиции.
Затоа, прашањето е – ќе ја изградиме ли и ќе ја сочуваме ли Македонија без фракционери, предавници и безр’бетници?
Одговорот на ова прашање треба да го дадеме сите ние, затоа што Македонија не е ничија сопственост.
Таа е земја на храбрите, не на измеќарите!
И додека СДСМ и ДУИ продолжуваат со својата деструктивна политика, вистинските патриоти како Христијан Мицкоски, премиерот на Македонија, го носат товарот на одговорноста за заштита на националните интереси.
Што ќе кажеме за Венко Филипче?
Иако неговото име е поврзано со многу контроверзии, една од најголемите е политичката игранка во која Филипче бил дел од коруптивниот систем на СДСМ.
Но неговиот интерес за средба „тет-а-тет“ со Христијан Мицкоски може да биде клучен момент за разбирање на политичката динамика во Македонија.
Дали ова е обид да се реализира
ПРИОРИТЕТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА: ЗАШТИТА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ И БОРБА ПРОТИВ ФРАКЦИОНЕРИТЕ
Македонија е земја која мора да се заштити од корумпираните политичари и извршители.
Христијан Мицкоски, како премиер, има обврска да се справи со овие загрозувачи на иднината на Македонија и да обезбеди политичка стабилност и правичност за сите.
Борбата за Македонија треба да биде борба без предавници и фракционери кои ја уништуваат заради свои лични интереси.
ВРЕМЕ Е ЗА РЕВОЛУЦИЈА НА ВОЗНЕСУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА!
Македонија е земја на храбрите и борбените луѓе, а не на оние кои се продаваат за ситни интереси.
Ако сакаме вистинска просперитетна Македонија, треба да изградиме обединета нација без фракционери, предавници и безр’бетници.
Време е за промена, за правда и за национално будење!

