Пецаков: Започна асфалтирањето на локалниот пат до село Куратица со поддршка од Министерството за локална самоуправа

Охрид Регион

“Во тек се градежни активности за асфалтирање на локалниот пат до село Куратица, со вкупна површина од 6200 м2, должина од 1200 метри и ширина од 5 метри.

Овој инфраструктурен проект се реализира со средства обезбедени преку Јавниот повик за финансирање на инфраструктурни проекти од Министерството за локална самоуправа.

Општина Охрид останува посветена на подобрување на патната инфраструктура и создавање подобри услови за живот во сите населени места”, информира градоначалникот Пецаков.

https://www.facebook.com/kirilpecakov/posts/1176404274499585?ref=embed_post

Please follow and like us: