На 01.04.2025 ОКП-ОНТДО при СВР Охрид до ОЈО Охрид поднесе кривична пријава против (39) и (34), двајцата од Охрид, поради постоење основано сомнение дека првопријавениот сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво во чл.215 ст.2 од КЗ, а второпријавениот сторил кривично дело „спречување на докажување“, предвидено и казниво во чл.368 ст.1 од КЗ. На 11.05.2024 откако првопријавениот набавил марихуана и кокаин од НН лице, околу 02.30 часот во своето патничко возило „сузуки“ му дал кокаин на второпријавениот, со цел да го подготви и заедно да го конзумираат. Во намерата биле спречени од страна на полициски службеници, при што во обид да го сокријат делото второпријавениот ја истурил опојната дрога кокаин од својот мобилен телефон на подот од возилото.
Кривична пријава против двајца охриѓани за недозволена трговија со дрога и спречување на докажување
Please follow and like us:

