Откриени крадци во Охрид: Претрес во домови на двајца осомничени за тешка кражба од киоск

Охрид Црна хроника

На 04.04.2025 од страна полициски службеници од СВР Охрид бил извршен претрес по претходна судска наредба во домовите на (20) и (18), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека со употреба на сила и погоден алат извршиле кривично дело тешка кражба од киоск. При претресите се пронајдени и одземени производите кои ги одзеле. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.

Please follow and like us: