Промоција на книгата „Аз, буки, веди – Тајната на словото“ од Григор Костески

Култура Охрид

Утре, среда 9 април од 12.00 часот во НУ Библиотека „Григор
Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана книгата „Аз, буки, веди – Тајната на словото“ од Григор Костески.

Промотор ќе биде м-р Димитар Смилески а свое обраќање ќе
има и авторот Костески.

Со оваа книга Костески навлегува длабоко во суштината на
писмените знаци, етимиологијата на зборовите, слоговите и
буквите. На тој начин ни открива нови светови во сферата на
книжевноста, македонската писменост и култура , поврзани со
Светото писмо.

Григор Костески е роднокраен автор роден е 1955 година во село
Арбиново, Дебрца и по професија е дипломиран инженер –
архитект. Негова животна преокупација се книжевноста,
поезијата и уметноста. Се занимава и со сликарство. Пред
неколку години ја издаде првата збирка поезија „Горски
гротески“.

НУ Библиотека

Please follow and like us: