Колумна на Слободан ТОМИЌ: Ново будење во борбата против криминалот и корупцијата: Први чекори на Тошковски и Коцевски

Македонија

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Слободан ТОМИЌ

Вистинско будење во борбата против криминалот

Новото партнерство помеѓу Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство е повеќе од административен документ.

 Тоа е директен удар по организираниот криминал и партиските феудалци кои со години ја киднапираа државата.

Со потпишувањето на Протоколот за соработка, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и јавниот обвинител Љупчо Коцевски јасно демонстрираа волја за промена.

Не декларативна, туку реална. 

Веќе вчера, јавноста сведочи за ефектите од овој нов пристап: во раните утрински часови беа уапсени поранешниот министери за економија,како и фуниционер на коалицијата ВЛЕН.

Артан Груби, висок функционер од ДУИ, не е уапсен, но по него се води меѓународна потерница. 

По долги години неказнивост, се руши мрежата на политичка заштита што ги штитеше.

Ова не е повеќе “борба против корупцијата” само во говори ,ова е борба на терен.

Тошковски: Крај за недопирливите

Министерот Тошковски испраќа порака дека времето на недопирливи минува.

Тој успеа да воспостави принцип на одговорност, без разлика на партиската боја или функцијата.
Тоа е сигнал дека МВР конечно се ослободува од стегите на партиските влијанија.

Тошковски не е министер кој ќе оди по чекорите на претходниците ,тој ја прекинува традицијата на немоќ и калкулации.

Коцевски: Обвинител кој ја менува перцепцијата

Со новата енергична поставеност на јавниот обвинител Коцевски, почнува целосен ресет на правосудниот систем.

За разлика од своите претходници, Коцевски ја гради позицијата на професионалец , а не на политички услужник.

Преку отворени истраги, неговиот кабинет веќе покажува дека ќе нема селективна правда.

Вчерашните апсењата  се доказ дека одлучноста постои и дека механизмите на правдата, конечно, почнуваат да функционираат.

Мицкоски – Тивок, но јасен двигател на процесот

Оваа нова реалност не би била можно без политичка поддршка на премиерот Христијан Мицкоски, кој и без да се експонира, овозможи слобода на институциите да работат.

За првпат имаме пример каде премиер не се меша, туку ги охрабрува органите на прогонот да бидат независни.

И тоа дава резултати. Македонија влегува во фаза во која правдата се враќа во сопствените раце.

Ново поглавје: Од декларации – кон дело

Потпишаниот Протокол не е само хартија.

 Тоа е симбол на нова епоха во борбата против корупцијата. Формирањето на мешани тимови, отворената комуникација меѓу МВР и Обвинителството и елиминирањето на политичките блокади ,се чекори што носат системска промена.

ПОРАКА:

Граѓаните сакаат правда ,а не спектакли!

Македонија конечно почнува да зборува со дела.

Овој Протокол, како дел од новата реалност, е повеќе од реформа.

Тоа е првиот чин од целосната трансформација на заробениот систем во функционална држава.

Со апсењата на повеќе министри завекономија инфункционери на другите, институциите покажуваат дека правдата нема партиски предзнак.

Името на новата Македонија нема да го пишуваат клановите ,туку судиите кои конечно ќе бидат слободни.

Please follow and like us: