Колумна на Слободан ТОМИЌ – “ВЛЕН: Коалиција на волци, пред распад: Кога алчноста станува идеологија”

Македонија

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Слободан ТОМИЌ

“Тој што ќе се оддели од групата, ќе го изеде волкот” – Вистината зад изјавата на Касами

Во стил на бајка, но со мирис на политичка уцена, лидерот на БЕСА, Биљал Касами, ја изговори една од најпровокативните изјави во пресрет на изборите: „Тој што ќе се оддели од групата, ќе го изеде волкот.“

Метафората е јасна, порака до Арбен Таравари, кој веќе подолго време флертува со можноста за отцепување од ВЛЕН и приближување кон ДУИ.

Но, во оваа „сказна“, волкот не е закана однадвор – туку волкот е ВЛЕН самиот по себе, а касапницата е битката за позиции, функции и фотелји.

Коалиција без идеја, без визија, без интегритет

ВЛЕН од старт се претстави како обид за „нов албански глас“ против корумпираниот монолит на ДУИ.

Но, наместо нов политички морал, добивме стара кал со нови играчи.

Празни зборови за реформи, додека под маса се делат концесии, влијанија и идни привилегии.

Касами е гласниот, Таравари е тактичниот, Африм Гаши – отсутен, а движењето во целост – без душа.

Коалицијата што требаше да биде алтернатива, денес е само политички брод што тоне во сопствената алчност.

Таравари – загубениот „реформатор“ во играта на ДУИ

Таравари ја испушта шансата да остане доследен.

Неговиот кокет со ДУИ ја погреба секоја надеж за независна албанска опција.

Наместо да биде реформатор, Таравари стана резервен играч во тимот на Ахмети.

И ако има вистина во зборовите на Касами, таа е оваа: волкот навистина демне, но не оние што излегуваат од ВЛЕН, туку оние што остануваат внатре, таму каде што се глодаат меѓусебно за парче моќ.

Големи општини = повеќе пари

Тепачката е за Сарај и Чаир.
Големи општини = повеќе пари.

И ДУИ и ВЛЕН гледаат тука шанса за контрола, за влијание, за функција.

Но во позадина се крие борба без никаква идеологија – само борба за кеш и фотелји.

Истиот предизвик го имаат и ДУИ, кои одамна заборавија што значи политика за народ, и сега единствена грижа им е одржување на пирамидата на моќ.

Уапсен директор од партијата на Таравари – ќе се освести ли конечно?

Додека се водат политички игри, реалноста тропа на вратата: неодамна е уапсен директорот на геронтолошкиот центар, член на партијата на Арбен Таравари.

Оваа информација може да биде последен аларм за Таравари ,дека е време да престане со калкулации и да застане зад принципите за кои тврдеше дека се залага.

Но како реагираат неговите партнери од ВЛЕН на тоа?

Со молк. Никој не се огласува, никој не осудува. Тоа е сликата за вистинското лице на ВЛЕН ,партиски интереси над се.

Мицкоски – човекот што ја расчистува државата, не по националност, туку по вина

Додека ВЛЕН се распаѓа, додека Таравари ги брои опциите меѓу ДУИ и фотелја, додека Касами предупредува со бајки за волци, еден човек молкум ја врши најважната операција во модерната историја на Македонија – Христијан Мицкоски.

Нема националност за криминалот. Нема партија за корупцијата.

Нема заштита за оние што ја пљачкале Македонија.

Ова е принципот според кој почнува новата ера.

Од првиот ден како премиер, Мицкоски постави линија: „Нема да има заштитени. Кој крадел , ќе одговара!

Кој го распродавал суверенитетот ,ќе се соочи со судот!

Без разлика дали е Македонец, Албанец, Турчин, Бошњак, Србин, Ром. Без разлика дали бил во ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ или БЕСА.“!

Во ситуација кога сите околу него се зафатени со какофонија, пазарења и лични амбиции, Мицкоски демонстрира педагошка политичка метода: трпеливост, принципиелност и непопустливост.

Тоа е клучот , да не се влегува во нивната валкана игра, туку да се наметне нова парадигма.

Вистинска правда, а не политички спектакли

Македонија има потреба од длабинско прочистување, не од нови сценарија за „наши и ваши“.

Затоа , Мицкоски нема време за телевизиски кампањи, не флертува со амбасади, и не калкулира со популизам.

Тој создава услови за функционално обвинителство, независни судови и целосна конфискација на имотот стекнат преку криминал.

Ако некој смета дека ќе се извлече само затоа што е Албанец во коалиција со ВЛЕН , се лаже.

Ако некој мисли дека старите „договори под маса“ ќе продолжат , ќе се разочара.

Нема веќе етнички штит за криминал. Нема веќе „нашите“ против „нивните“. Има само , виновни и правдата.

Нов општествен договор: Македонија за сите, но не за криминалците

Во оваа нова фаза, Македонија ќе стане држава на ред, право и еднаквост.

Тоа е проект што не се мери со број на пратеници, туку со број на осудени криминалци.

Ќе има правда, но и морална рехабилитација на државата.

Ќе има иднина, но само ако се расчисти минатото.

И тука е суштината ,додека Таравари и Касами се расправаат кој прв ќе предаде, а кој последен ќе побегне, Мицкоски ја гради вистинската алтернатива , држава без страв, без корупција, и без лажни лидери.

Додека некои се кријат зад нацијата, други зад партијата, само еден човек се бори со вистинскиот непријател – криминалот.

И тоа е најсилната порака што Македонија ја слушнала по децении.

Please follow and like us: