На 24.04.2025 во 16.55 часот, на регионалниот пат Кичево-Осломеј, на влез во селото Мамудовци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“со кичевски регистарски ознаки, управувано од (88) од Кичево и патничко возило „тојота рав 4“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од (66) од селото Туин, кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката во возилото „тојота“ (67) од с.Туин, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид изврши увидна екипа од ОВР Кичево.
Please follow and like us:

