Колумна на Слободан ТОМИЌ: “27 Април: Октроирање на Историјата”

Македонија

„Ова не е текст. Ова е вресок од дното на душата за вистината која ја газеа, ја затвораа и ја распнаа пред очите на нем и понижен народ“.

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Слободан ТОМИЌ

8 години тишина по 27 април – најцрниот ден по независноста

Осум  години поминаа од најмонструозниот политичко-судски акт – осудата на македонскиот народ на 300 години затвор поради измислениот „крвав четврток“ од 27 април 2017 година. 

Додека Талат Џафери беше избран со кршење на Деловникот, Уставот и сите законски процедури, оние што протестираа против тој државен удар беа наречени терористи.

Македонскиот народ тогаш не доби правда.

 Добивме нов вид окупација – преку судови, обвинителства и медиумски лажни пророци.

Бомбите како алиби за распад

Да се потсетиме на неуставното и незаконито делување на СЈО , тело создадено врз основа на незаконски прибавени „бомби“, кои требаше, според Законот за заштита на приватноста, да бидат предадени во рок од 30 дена (конкретно на 30.12.2015), а не месец дена подоцна.

Секоја употреба на тие бомби по истиот закон станува невалидна и кривично гонлива. 

Но, ниту еден суд не проговори, ниту една пресуда не беше отфрлена. 

Наместо тоа, целиот правосуден систем легна ничкум пред диктатурата на Заев, СЈО и нивните поддржувачи од USAID и западната мрежа.

Да беа признати овие правни факти, СЈО ќе се распаднеше уште тогаш. Ќе паднеше Заев.

 Ќе паднеа сите кои го рушеа македонскиот поредок создаден под раководството на Никола Груевски.

Кацарска и Рускоска – унапредени, Македонија уназадена

За пресудите врз основа на вакви „бомби“, високите судски и обвинителски личности добија награди. 

Судијката Добрила Кацарска, која ги делеше казните од по 15 и 18 години, стана уставен судија.

 Вилма Рускоска, главната обвинителка, не само што не покажа каење, туку продолжи да дели правда како да е сопствен имот.

А вистинските виновници , тие што предизвикаа поделби, упадоа во уставниот поредок и ја извршија тивката окупација , никаде не беа повикани на одговорност.

Ахмети и Заев – тандемот кој ја сруши државата

Не треба да се заборави: без политичкото партнерство меѓу Зоран Заев и Али Ахмети, овој систем на предавства немаше да се реализира. 

Тие го поставија темелот за двонационална држава, за отворена албанизација на Македонија, каде албанскиот јазик стана официјален на цела територија, а македонскиот идентитет беше изложен на понижување и разнебитување.

Македонија во изминатите 8 години не постоеше ниту како држава, ниту како територија, ниту како субјект. 

Таа стана поле на експерименти за нови федерализации, платформизации и отворени балканизации.

Заложбата што ја трубев цел живот – време е за прагма и парадигма

Со децении говорам, пишувам, повикувам: од портир до претседател, секој мора да помине психотест, полиграф и скенер на потекло на имотот – до петто колено!

Без ова, нема држава. И токму затоа сè пропаѓа. Сите се поврзани, сите се нечепнати, сите имаат имунитет , а народот робува.

Секој што сака да седи во фотеља мора да биде психофизички, морално и финансиски чист.

 Ова не е популизам , ова е опстанок.

Последниот обид: Мицкоски мора да ја донесе правдата

Христијан Мицкоски, во овие моменти на крстопат, е последниот што може и мора:

  • Да го расчисти 27 април и да ги ослободи невините.
  • Да го отвори досието на велепредавствата од СДСМ, ДУИ и целата паралелна власт.
  • Да отпочне сериозно,  со потекло  имотот и  конфискација на  истиот на сите политичари кои не можат да го оправдаат.
  • Да спроведе скенер на потекло, тест на вистината, тест на стабилност и тест на лојалност кон државата.

Без правда нема иднина. 

Без расчистување – нема Македонија.

Ова не е ,утопија ниту хепи енд. 

Ова е крајна точка.

 Или ќе воскресне правдата , или ќе бидеме избришани од картата на народите и државите.

Please follow and like us: