Уапсен скопјанец со дрога пред угостителски објект во Охрид

Охрид Црна хроника

На 02.05.2025 година во 23.40 часот, пред угостителски објект во туристичкиот комплекс „Горица“ во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција, од слобода го лишија (23) од Скопје. При извршен преглед, кај него пронајдена и одземена е опаковка со бела прашкаста материја која се обидел да ја внесе во објектот. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Please follow and like us: