Додека глобалните елити броеја профити, ние ги броевме мртвите. Вистината не умре, таа чека правдата да се пробуди.
Пишува: Слободан ТОМИЌ

Кога молкот станува соучесник
Во свет каде вистината е прегушена од пропаганда, каде науката е потчинета на моќта, а човечкиот живот сведен на колатерална штета, не можеме повеќе да молчиме. Престануваме да шепотиме.
Време е да зборуваме со целата сила на совеста.
Можеби пресудата на Врховниот суд на САД, во која се тврди дека Ковид мРНА вакцините не се вистински вакцини, не е официјално објавена низ каналите на контролираниот светски медиумски систем, но вистината што се шири од уста на уста, од срце до срце, е посилна од секој печат на моќните.
Роберт Ф. Кенеди Јуниор, со тим од стотици правници и научници, зборуваше гласно и одлучно: вакцините не штитат, туку повредуваат.
А народот, кој со доза страв и со игла на доверба им влезе во рацете на фармацевтската индустрија, платил највисока цена – животот.
Македонската тишина – соучесник во трагедијата
Додека целиот свет се буди, Македонија спие. Не од умор, туку од замислено незнаење.
Се сеќавате ли?
Во екот на ковид, кога телата се редеа по коридорите на болниците, кога народот се плашеше да излезе по леб, тогаш Заев и Филипче, лидерите на таа т.н. „грижа за народот“, се обидоа да набават вакцини преку фантом-компанија од Сингапур.
Со највисоки цени, без гаранции, без транспарентност.
Не за спасување животи, туку за профит.
Кој ги повика на одговорност?
Кој ги истражи тие договори?
Кој отиде во затвор?
НИКОЈ!
Напротив, се појавуваа по медиуми, сееја страв, проповедаа спас со игла, додека илјадници семејства ги погребуваа своите млади и здрави ближни.
Миокардитисот стана „нормален“, тромбозите „споредна појава“, а смртта – „погрешна статистика“.
Физиолошки раствор за нив, мРНА за народот?
Најболната вистина, онаа која ја носи најмногу срам и гнев, е прашањето што не се смееше да се постави:
Дали сите лекари примија вистинска вакцина – или некои добија само физиолошки раствор?
Дали народот беше заморче, а тие беа поштедени?
Кој ја одобри употребата на мРНА без долгорочни испитувања?
Кој ги игнорираше реакциите, инфарктите, изненадните смртни случаи?
Кој молчеше за телата што паѓаа – без дијагноза, без истрага, без правда?
Фаучи под заштита, вистината под напад
Додека Бајден го штити д-р Фаучи – еден од најодговорните за ковид-нарацијата, Трамп зборува гласно против присилната вакцинација и фармацевтската диктатура.
Во свет каде лагата има целосна медиумска поддршка, само малкумина останаа исправени.
Ќе го спаси ли Бајден од историјата? Од совеста? Од народот? Од Бога?
Не.
Ништо не е вечно – ни лагата, ни моќта.
Историјата ќе запише:
Кои свесно убија, кои замолчеа, а кои се бореа за човечкиот живот.
Македонскиот народ: измамен, но не и уништен
Народот е изморен, но не и поразен. Заслепен, но не и мртов.
Ако нешто не умира, тоа е совеста.
А кога ќе се разбуди совеста – следи бура.
Бура против лажните авторитети.
Против „стручњаците“ кои служеа на пари, а не на вистината.
Против медиумите што прикриваа, против институциите што слугеа.
Ова не е само политичко, медицинско или правно прашање.
Ова е прашање на суштина, на право на живот, на иднина, на достоинство.
Зошто зборуваме – за тие што умираа, за тие што ќе живеат
Ако ние замолчиме, кој ќе проговори за нашите мртви?
Ако ние не се избориме, кој ќе го врати изгубениот живот на синот, ќерката, мајката, таткото?
Мораме да прашаме.
Да гласаме.
Да бараме одговорност.
И не само кај нас, туку и од глобалните играчи: од СЗО, од Глобална алијанса за вакцини (GAVI), од Соросовите структури, од сите што ја претворија планетата во лабораторија.
Тие имаат моќ, но ние ја имаме вистината.
И душата на народот.
И болката.
А таа болка ќе стане оган.


