Јакнење на врските меѓу Охрид и Пула: Срдечна средба со Здружението на Македонци „Св. Кирил и Методиј“

Охрид Свет

Во рамки на мојта официјална посета на градот Пула, остварив срдечна средба со претседателката на Здружението на македонци во Пула „Св. Кирил и Методиј“, Милена Златевска.

На средбата беше истакнато дека спојувањето на Охрид и Пула е значајно и ќе придонесе за поголема афирмација на македонците во Пула, преку меѓусебната соработка на двата града.

Во иднина заедно со Здружението и градот Пула се предвидени активности за промоција на културата и градовите воопшто.

Please follow and like us: