Лишен од слобода маж од кичевско, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Регион Црна хроника

Денеска (11.05.2025) во 07.10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода (48) од селото Србјани, кичевско поради сторено кривично дело „убиство“. Околу 07 часот во ПС Кичево од Итната медицинска помош Кичево, било пријавено дека кај нив се јавил лицето и кажал дека во семејната куќа во с. Србјани со секира ги нападнал неговите родители. Со возило на Итна медицинска помош двете лица се пренесени во Медицинскиот центар Кичево, каде (74), татко на сторителот, им подлегнал на повредите а (67), мајка на сторителот, е во неконтактибилна состојба. Лицето е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.  

Please follow and like us: