Криминалот не спие – само правдата е во кома
Пишува: Слободан ТОМИЌ

Македонија три децении живее во правна и морална пустош.
Од независноста до денес, судството и обвинителството не беа столбови на демократијата, туку алатки во рацете на политичкиот и бизнис естаблишмент.
И ако некој се прашува зошто во оваа земја нема казнивост – одговорот е едноставен: Сите имаат свои луѓе во судот и обвинителството.
Ниту еден сериозен грабеж, ниту една висока корупциска афера не заврши со затвор.
Ама затоа политичарите добиваат „златни визи“, а граѓаните – хипотеки и солзи.
Од „Еуростандард“ до стандардна пљачка на народот

Уништувањето на Еуростандард Банка и судбината на Трифун Костовски е иконичен пример за тоа како функционира македонската правна мафија.
Човекот што се обиде да им се спротистави на Заеви, Ахмети и нивната финансиска хоботница, заврши уништен, а неговата банка беше растурена со знаење и поддршка од институции кои требаше да го заштитат финансискиот систем.
Што направија судиите и обвинителите?
Ништо!
Истрагата беше во фиока, обвиненијата , никогаш подигнати.
Луѓето ги изгубија своите заштеди.
Случај затворен, правдата затворена.
Кога еден човек се обиде да се спротивстави на системот, системот го проголта, а судот молчеше

Постојат ликови кои не припаѓаат на ниту една мафија, ниту на партиска хоботница.
Ликови кои ги даваат своите пари и авторитет во име на нешто што се нарекува јавен интерес.
Кога таков човек ќе биде симболично и реално уништен од институциите што требало да го заштитат, тоа не е само индивидуална трагедија.
Тоа е предупредување , дека државата не е заробена, туку разнесена.
Судот и обвинителството , одбегнување на одговорност е институционализирана норма
Колку навистина се независни членовите на Судскиот совет?
Колку судии беа разрешени за неправилности?
Колку обвинители одговараа за свесно заташкување на случаи?
Нула.
Системот е дизајниран така што неказнивоста е уградена во правната архитектура.
Ако некој судија или обвинител оди против политичкиот ток – ќе биде тргнат.
Ако е послушен, ќе напредува.
И сè додека фиоките се пополнети со неотворени предмети, никој од високиот криминал не стравува.
Новиот Закон за Судски совет , козметика наместо хируршка интервенција

Предлог-законот објавен на платформата ЕНЕР (Единствениот национален електронски регистар на прописи) звучи убаво , транспарентност, јавно разрешување, јасни критериуми за „истакнат правник“.
Но ова се шминка и реторика ако не следи целосно ресетирање на судскиот и обвинителскиот систем.
Се бараат нови кадри, нов морален компас, систем за проверка на имот, влијанија и досегашна работа на секој судија.
Без тоа, овој закон ќе биде уште еден декор за европски извештаи, а не вистинска промена.
Ни треба македонски „Фалконе“, а не нова фиока за закони

Италија се справи со мафијата благодарение на херои како Џовани Фалконе и Паоло Борселино.
Романија имаше своја Моника Маковеј.
Во Македонија – уште чекаме.
А време повеќе нема.
Народот од Мицкоски не очекува само стабилност, туку освета преку правда.
Очекува грабежите да добијат име, презиме, казна и конфискација.
Но тоа нема да дојде ако во Судскиот совет и обвинителствата седат луѓе што беа со Заев и Ахмети, па сега само се шминкаат во „реформатори“.

Каде не води ова? Во држава без доверба и без иднина!
Без правен систем , нема држава.
Без доверба во правдата – нема стабилност.
Народот бега, а сторителите се богатат.
Се создава нова класа на „недопирливи“, кои не се божји, туку судски заштитени.
Ако овој систем не се ресетира – Македонија ќе стане африкански протекторат на корупцијата, а не европска држава.
Резиме : Или чистка, или вечна неправда
Време е за целосна прочистувачка операција.
Од прв до последен судија.
Од основен до Врховен.
Ни треба ветинг, ревизија на имот, минато и одлуки.
И конфискација.
Бидејќи правдата без одговорност е фарса, а Македонија веќе предолго живее во таа фарса.

