Колумна на Слободан ТОМИЌ: Мицкоски и вистината која опозицијата не сака да ја слушне

Македонија

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Слободан ТОМИЌ

Македонија е на крстопат. 

По години на кризи, лаги и разочарувања, јавноста конечно го гледа вистинскиот пат кој го нуди ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски. 

Непријателите на напредокот, односно опозицијата составена од СДСМ, ДУИ, ЛДП и останатите политички креатури, не се ништо друго освен главните виновници за состојбата во која се наоѓа државата. 

Тие го украдоа,потрошија и ја уништија иднината на македонскиот народ, а сега се обидуваат да ги покријат своите криминали со лаги и манипулации.

Опозицијата , мајстори на лаги и криминал

Последните години се сведоци на огромна злоупотреба на довербата на граѓаните од страна на опозицијата. 

За 7 години, тие украдоа и потрошија неверојатни 32 милијарди евра од државниот буџет, пљачкајќи ги нашите пари и оставајќи ја Македонија сиромашна и растргната.

Но, наместо да понудат одговорност и искрена политика, тие избраа да се сокријат во „глувчешка дупка“ и да ширaт невистини. 

Од лаги за кампови за бегалци, до обвинувања за наводни непостоечки скандали , сè е дел од нивната тактика да ја дестабилизираат државата и да го нарушат угледот на реформската Влада предводена од Мицкоски.

Демант од британскиот амбасадор , силна порака до опозицијата

Во оваа битка за вистината, дојде и јасен демант од британскиот амбасадор, кој без двоумење ги поби лагите за постоење на какви било кампови за бегалци на македонска територија.

Овој демант не е само дипломатска изјава, туку силна и јасна порака дека опозицијата манипулира и лаже за да предизвика хаос и да ја критикува успешната политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие немаат никаква поддршка од странските партнери, напротив , тие се изложени како главни виновници за најголемите штети во државата.

Опозицијата нема морално право да критикува

Како можат тие да зборуваат за правда, развој и иднина кога токму тие ги доведоа институциите во криза, ги поткопаа правниот систем и дозволија корупцијата да процвета?

Каде е нивната одговорност за украдените милијарди? 

Каде е нивната грижа за граѓаните што ги предадоа?

Нивните критики не се ништо повеќе од бездушни обвинувања без основа, нивната цел е единствено да ја  критикуваат власта по секоја цена, без разлика на штетата што ја нанесуваат на Македонија.

Македонија заслужува лидерство ,Мицкоски и тимот се вистинскиот избор!

Македонија не смее да продолжи по патот на политичка нестабилност и криминал, кој го наметна опозицијата. 

Земјата има потреба од силно и стабилно лидерство, кое нуди решенија, визија и чесност.

Христијан Мицкоски, со својата цврстина, јасни политики и искрена посветеност на државата, е единствениот лидер што може да ја врати довербата во институциите и да го води народот кон подобра иднина.

Поддржан од искусни кадри како Александар Николоски, Мицкоски го носи оној политички кредибилитет и решителност што недостасуваше изминатите години.

Стратешкиот договор од 6 милијарди евра и обврската кон народот

Еден од најважните столбови на владеењето на Мицкоски е стратешкиот договор со Британскиот премиер за инвестиции од 6 милијарди евра, кои ќе ја трансформираат македонската економија, ќе отворат илјадници нови работни места и ќе ја зголемат благосостојбата на граѓаните.

Ова не е сон, туку јасна и реална политичка визија, која многумина ја критикуваа, но која сега се покажува како единствениот пат за вистински развој.

Време е за вистинска промена

Се што гледаме денес е битка помеѓу вистината и лагата, помеѓу реформите и корупцијата, помеѓу храброста и стравот.

Опозицијата која украде и ја уништи Македонија нема место во иднината на оваа земја.

 Македонскиот народ заслужува повеќе , заслужува чесни и посветени лидери како Мицкоски и Николоски, кои не се плашат да се борат за својата држава и својот народ.

Нека оваа битка за иднината биде последна битка со лагите и криминалот.

Време е за Македонија на Мицкоски , силна, слободна и праведна.

Please follow and like us: