Турски турист почина во автобус на пат кон „Св. Наум“ – без траги на насилство

Охрид Црна хроника

На 18.05.2025 во 11.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во автобус кој превезувал група туристи од Република Турција кон туристичкиот комплекс „Св.Наум“, починал турскиот државјанин (64). Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото изврши екипа од СВР Охрид. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на погребално претпријатие.

Please follow and like us: