Колумна на Слободан ТОМИЌ – „Аналитичари“ со кратка меморија: кога помошта доаѓа, тие навиваат за пропаст!

Македонија

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Слободан ТОМИЌ

Во време на тешки избори, криминални долгови, и институции руинирани од 20 години транзициска пљачка, конечно доаѓа историска шанса за стратешки развој на Македонија, и наместо поддршка, добиваме плукање.

Шест милијарди евра стратешка соработка со Обединетото Кралство ,договор вреден повеќе од сите „реформи“ на СДСМ и ДУИ заедно , не е „нова колонијална шема“, туку шанса за излез од калта во која не втурнаа елитите на транзицијата.

Тие што денес пишуваат со скриена злоба, вчера молчеа кога се крадеа 32 милијарди евра буџетски средства.

Молчеа кога децата на народот беа оставени без здравство, без образование, без иднина.

А сега , кога доаѓа системска, инфраструктурна и институционална инвестиција од Велика Британија, партнер кој го признава нашето значење , тие се будат и зборуваат за „опасност“.

Не, драги критичари, не е опасност ако Британија сака пругите во Македонија да бидат брзи, болниците да не се распаѓаат, а студентите да не одат во Бугарија и Словенија.

Опасност беше кога вие, елити и пенкалаџии, му молчевте на Заев, на Груби, на СДСМ и ДУИ додека го претвораа буџетот во банкомат за избрани.

Каде беа кога…

Ајде малку, вратетеја меморијата:
Каде беа тие „аналитичари“ кога криминалци добиваа грантови од УСАИД?

Каде беа кога „инвестициите“ беа само фасади за пари во приватни џебови?

Сега, кога доаѓаат пари за железници, патишта, здравство и факултети, одеднаш сите стануваат левичари што се грижат за „неоколонијализам“?

Не, ова не е колонијализам!

Ова е отрезнување!

Со Британија како партнер, Македонија добива надворешен сојузник што не е обременет со балкански сплетки, туку со резултати.

Да, секој договор мора да се следи, но не со злоба, туку со зрелост.
А зрелост нема кај оние што ни оставија урнатини, а сега зборуваат за опасност од пруга.

А Македонија веќе нема време за лажни патриоти, спинери на платенички наративи и „аналитичари“ со кратка меморија.
Народот памети кој ја држеше државата на апарати, а кој се обидува да ѝ даде пулс.

Затоа, ова не е само стратешко партнерство.

Ова е стратешки одговор на децении на распад.

Ова е правец, сила и избор: или иднина со достоинство, или враќање во мракот што ни го сервираа под превез на борба за „независност“.

Сакаат да нè убедат дека секоја рака што нè крева, е канџа.

Но вистината е едноставна: канџи беа нивните тендери, лаги и измами.
Ова е шанса.
И нема да им ја оставиме да ја убијат.

Патриотизмот не е да удираш по секој што носи надеж, туку да го препознаеш моментот кога Македонија конечно може да стане држава.

Ова е тој момент!

И ќе поминеме, со работа, со партнерства, и со разум. Без вас!

Финале:

Македонија веќе нема време за лажни патриоти, спинери на платенички наративи и „аналитичари“ со кратка меморија.

Народот памети кој ја држеше државата на апарати, а кој се обидува да ѝ даде пулс.

Затоа, ова не е само стратешко партнерство.

Ова е стратешки одговор на децении на распад.

Ова е правец, сила и избор: или иднина со достоинство, или враќање во мракот што ни го сервираа под превез на борба за „независност“.

Сакаат да нè убедат дека секоја рака што нè крева, е канџа.
Но вистината е едноставна: канџи беа нивните тендери, лаги и измами.
Ова е шанса.
И нема да им ја оставиме да ја убијат.

Патриотизмот не е да удираш по секој што носи надеж, туку да го препознаеш моментот кога Македонија конечно може да стане држава.

Ова е тој момент.

И ќе поминеме, со работа, со партнерства, и со разум. Без вас!

Please follow and like us: