Колумна на Слободан Томиќ – Македонија на патот на обнова: Потпишувањето на договорот со Велика Британија како симбол на крајот на една срамна епоха

Македонија Свет

Пишува: Слободан Томиќ

Слободан Томиќ

Денот кога Македонија повторно застана исправено

На 22 мај 2025 година, во Лондон, беше потпишан Договорот за стратешко партнерство меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска.

Но овој чин не беше само дипломатски договор.

Тоа беше историски симбол на враќањето на Македонија кон себе.

Овој пат, како држава што сама го избира својот пат, без диктати, без колонијална подреденост, и без понижувања подметнати од претходните елити кои ја претворија државата во експеримент на туѓи агенди.

Церемонијата беше достоинствена, тивка, но длабоко симболична.

Зад затворена врата, без театар, без популизам, Македонија склучи еден од најстратешките договори по нејзината независност.

Стратегија наместо демагогија: Вистинскиот пресврт под Мицкоски

Во времето кога Македонија тоне во црната дупка на „Рамковни договори“, наметнати уставни промени и идентитетска голгота, Владата на премиерот Христијан Мицкоски, тивко, но храбро и јасно го менува курсот.

Место понижувачко „поглавје по поглавје“ и бесплодни преговори со Брисел, кои подметнуваат нови ултиматуми, Македонија прави стратешки пресврт кон земји кои ја почитуваат нејзината сувереност.
Договорот со Велика Британија не е само документ.

Тој е темел за реален економски скок: инвестиции во инфраструктура, енергетика, здравство, образование. 

Притоа, за разлика од времето на СДСМ, не се прави зад грбот на народот.

Премиерот јасно најави: договорот ќе оди во Собранието, јавно, транспарентно, без „европско знаменце“, без тајни анекси.

Политичкото лицемерие на
Венко Филипче , вистинскиот глас на длабоката држава

Само неколку часа по објавата за договорот, јавноста беше сведок на прес-конференција на Венко Филипче, поранешен министер за здравство и актуелен лидер на СДСМ.

Настапот беше испразнет од суштина, но исполнет со познатиот елитистички тон и хистерија.

Обвинувања за ново задолжување, за „грчко сценарио“, за наводна нетранспарентност.

Но, Филипче, кој беше дел од најсомнителната влада во поновата историја на Македонија, нема морален кредибилитет да зборува за долгот или за корупција.
Овој човек стоеше зад скандали како:

  • Ковид-тендери без надзор и јавни набавки во милиони евра.
  • Смртта на стотици пациенти поради лошо управување со здравството.
  • Сомнителни договори за изградба на болници, кои завршија како руини.
    Овој глас на длабоката држава, кој молчеше кога Заев го распарчуваше уставниот идентитет, сега се обидува да игра улога на морална вертикала.
    Но народот повеќе не е наивен.

Јавниот долг на Македонија и што направија со 32 милијарди евра

Од 8.9.1991 година, кога Македонија го прогласи своето достоинство и независност, до доаѓањето на СДСМ и Зоран Заев, Димитар Ковачевски и Венко Филипче во 2016/17 година, јавниот долг на земјата беше умерен и управуван во рамките на развојот.

Но, од нивниот до 8.5.2024 година, јавниот долг експлодираше до над 8 милијарди евра.

Со буџетските средства од околу 32 милијарди евра, Македонија требаше да направи огромен чекор напред. Наместо тоа:

  • Не беа обештетени семејствата на живо изгорените во модуларните болници во Тетово, каде Филипче беше министер за здравство.
  • Семејствата на загинатите во несреќата на „Дурмотурс“ и на „Беса Транс“ во Бугарија останаа без заслужена правда и помош.
  • Со овие средства требаше да се изгради ултраексклузивен и севкупен клинички центар во Скопје, како и суперклиники во останатите градови во Македонија.
  • Требаше да се мотивира медицинскиот и техничкиот персонал, од професорскиот кадар па наваму, да не заминуваат во приватни болници, а случајот со проф. д-р Сашко Јовев беше доказ како политичкиот притисок го уништува квалитетот и го демотивира стручното здравство.

Случајот со проф. д-р Сашко Јовев

Проф. д-р 
Сашко Јовев , еден од најреномираните македонски кардиохирурзи, беше разрешен од директорската функција на Државната клиника за кардиохирургија.

По неговото заминување, според експертската јавност, се зголеми смртноста на пациентите.

Ова не е само административна смена, тоа е директен удар врз квалитетот на здравствената заштита и демотивација на врвниот медицински кадар.

ВМРО-ДПМНЕ одговара остро, и со право

ВМРО-ДПМНЕ ги нарече Филипче и неговите соработници „политички трговци со човечки животи“.
И навистина, кој друг ако не тие ја претворија трагедијата на народот во профит?

Кој друг, ако не Филипче и Заев, ја извршија најголемата здравствена приватизација во сенка, додека народот умираше?

Денес, истите тие зборуваат за ризици од долгови.

Но каде беа тие кога Македонија беше задолжувана за се и сешто, без вредност, за консултантски услуги во милиони, за фиктивни грантови и НВО-проекти под водство на Џес Бејли и УСАИД?

Одговорот е јасен: беа дел од механизмот што ја претвори Македонија во експеримент на глобалистите.

Зошто Велика Британија и зошто сега?

Британската поддршка не доаѓа случајно.

Во ерата по Брегзит, Велика Британија прави нова глобална поставеност.

Притоа, избира стабилни партнери, држави со проевропски, но не и вазалски курс.

Македонија под Мицкоски покажува стабилност, демократски капацитет и отпорност на политичка корупција.

Тоа е предуслов за доверба од Лондон.

Велика Британија, како членка на Советот за безбедност, е клучна глобална сила.

И денес, Македонија не е повеќе „заборавена“ балканска државичка, туку стратешки партнер.

Кое е значење на британско-македонскиот договор и заем од 6 милијарди евра

Овој договор и заем од 6 милијарди евра не се само пари и протоколи.

Тие се знак за враќање на достоинството и надежта.

Тоа е шанса Македонија да изгради силна економија, да инвестира во здравството, образованието, инфраструктурата, енергетиката.

Со овие средства се отвора можност за конечна обнова на системот што беше уништен од корупција, лошо менаџирање и политички пресметки.

За првпат по долго време, Македонија има поддршка која не доаѓа од типични условени западни центри на моќ, туку од партнер кој го почитува нејзиниот суверенитет.

Овој заем значи и зголемување на довербата на странските инвеститори и враќање на македонската економија на вистинскиот пат кон развој и благосостојба.

Овој заем значи и зголемување на довербата на странските инвеститори и враќање на македонската економија на вистинскиот колосек

Со потпишувањето на договорот и отворањето на кредитната линија од 6 милијарди евра, Македонија добива прилика каква што немала од 1991 година наваму. 

Ова не е класичен заем , ова е кредибилитет што ни се враќа од најконзервативниот и најпромислен партнер на светската сцена.

Довербата на Лондон значи сигнал до другите: Македонија вредува, Македонија може и Македонија ќе се врати на мапата како сериозен играч. 

Но, оваа шанса може да ја искористи само влада со јасен компас и визија. 

Денес, за првпат по долго време, се чини дека имаме такво раководство.

ЗА КРАЈ: СИМБОЛИКАТА НА СТРАТЕГИСКИОТ СВИЈОК ПОД МИЦКОСКИ

Колумбоја откри  Америка, но Британците ја направија империја.

Македонија ја прогласи независноста во 1991, но дури денес се бори да стане вистински суверена држава.

Договорот со Велика Британија не е само хартија потпишана во Лондон.

Тоа е погребот на еден период на сервилност, и почеток на нова ера на обнова.

Христијан Мицкоски не глуми патриот, не вика на митинзи, не прави циркузантски потези. Тој работи тивко, стратегиски, и со цел. Дали ќе успее? 

Тоа ќе го покаже времето. Но денес, по овој потег, Македонија има право да се надева. 

А тоа е веќе огромна промена.

Please follow and like us: