Колумна на Слободан ТОМИЌ – Фреска што вреска: „Македонија ја уништуваат одвнатре и однадвор!“

Култура Македонија Свет

Пишува: Слободан ТОМИЌ

Слободан ТОМИЌ

Во дрвената капела на островот Трисунда (Trysunda Kapell) во Шведска, изградена во 17–18 век, постои фреска што на прв поглед изгледа како типичен пример на лутеранска симболика. 

Но кога ќе се приближите, ќе видите нешто шокантно , фреска со натпис каде експлицитно е спомната Македонија. И не како симбол или парабола, туку како конкретна жртва.

Фреската го носи следниот натпис:

“Offer från en Adonung, better fran en grym Prate, utan och Slodera MACEDONIEN”

Превод: „Жртва од еден благородник е подобра од еден свиреп свештеник, надвор и ја уништува Македонија.“

Во контекстот на времето, се мисли на надворешна сила која ја уништува Македонија, но она што е поважно е дека името „MACEDONIEN“ е директно напишано. 

Употребата на зборот „Slodera“ (шведски: да се уништи, распарчи, здроби) јасно алудира на истребување, на симболично или реално бришење на народ или држава.

Фреската ја има сликано Olof Gahlin, локален сликар и теолог, кој оставил потпис на делото. 

Таа го прикажува моментот на крвопролевање, духовно страдање, небесна интервенција, а во центарот , Македонија како жртвено јагне. 

На небото стои натписот „Jesu Christi Doch“ (Жртвата на Исус Христос), со што се поистоветува судбината на Македонија со страдањата на Христос.

Македонија на распетие – од тогаш до денес

Фреската, иако стара 300 години, денес добива хорор актуелност. Македонија повторно е жртва. 

Овој пат , не само однадвор, туку и одвнатре. 

Политички елити, под притисок на европски и американски центри, подготвуваат конечно и трајно разнебитување на македонскиот идентитет. 

Планираат да го избришат поимот „македонски народ“ од европските документи. 

Како тоа не е „Slodera MACEDONIEN“? Како тоа не е иста фраза што вреска од фреската?

Предавници во сопствените редови

Но денес не се тоа свирепи туѓи попови. 

Денес се тоа домашни политички предавници. 

Домаќини што ја продаваат куќата. 

Политичари што молчат додека ги бришат корените. Интелектуалци што соучествуваат во злосторството со тишина. 

Додека еден народ се брише, тие се занимаваат со својот личен комфорт, кариери, тендери и западни наредби.

И повторно, како и на фреската , има мачители, но има и јунаци.

 Како Свети Ѓорѓи што прободува ѕвер на десниот дел од композицијата , така и денес има Македонци што одбиваат да клекнат. 

Но тие се малкумина, и под тешка артилерија од медиуми, фондации, западни агенции и домашни лакеи.

Кога ликовите од фреската оживуваат

Денес, „свирепиот поп“ е секој политичар што не го штити македонскиот јазик.

 „Благородникот“ е секој што ќе се жртвува за достоинството на народот. „Уништувањето на Македонија“ не е метафора , тоа е реален, планиран процес.

Се планира да се вметне формулација во документот на Европскиот парламент со која ќе се негира постоењето на македонскиот народ како посебна етничка група, а јазикот ќе биде сведен на политички конструкт. 

Тоа е кулминација на сè што се случуваше од Преспанскиот договор наваму.

Европскиот глас против Македонија

Гласањето во Европскиот парламент на 4 јуни 2025 година ќе биде најцрниот ден во новата македонска историја ако предлогот помине. 

Не станува збор само за „несреќен текст“, туку за јасен обид за културно и идентитетско избришување.

Ќе гласаат европратеници од земји што немаат никаква врска со Балканот.

 Ќе пресудуваат за нашата крв, иднина, име и јазик , без да ја знаат ни азбуката. 

Но тоа не е вина само на Европа. 

Тоа е вина и на нашите, домашни, тивки предавници.

Мицкоски: Последен отпор, повик до разумните во Европа

Христијан Мицкоски, како премиер на Македонија, испрати силна порака – до европските сестрински партии на СДСМ и ЛДП: не го поддржувајте овој антицивилизациски предлог. 

Тој апелира, не со омраза, туку со достоинство. 

И го кажува најважното: дека сè уште не е доцна за самоотрезнување.

Јасно порача , јазикот не е бирократски збор. 

Македонскиот јазик е глас, име, презиме, душа и тело. 

Тоа е суштината на нашата посебност. 

Тоа не се преговара. 

Тоа се брани!

Каде се СДСМ и ЛДП? Што прават нивните европски партнери?

Има ли глас од Моника Зајкова? 

Има индиции дека нешто кажала. 

Но дали е тоа доволно? 

Дали Филипче, и другите од ЛДП и СДСМ, направија нешто да го сопрат овој срам? 

Или и тие, како на фреската, стојат со свртено лице додека Македонија гори?

Ова е момент кога секој мора да се изјасни – дали стои со Македонија или со предавниците. 

Не постои неутрална територија кога станува збор за јазикот, идентитетот и опстанокот.

Последен алармен повик

Фреската од Трисунда денес не е историска куриозитетност.

 Таа е последен алармен повик. 

Таа не вреска од платно , таа вреска од нашата иднина. 

Ќе дозволиме ли уште еднаш некој да ја уништи Македонија , овојпат со гласови во Европскиот парламент и со молкот на нашите избрани?

Народе, разбуди се. 

Ова не е симболика. 

Ова е последната страница од македонската книга , ако не ја напишеме ние, ќе ја напишат други. 

И ќе не нема !

Време е за отпор !

Време е за достоинство !

Време е за Македонија !

Please follow and like us: