СВР Охрид поднесе кривична пријава за бесправна градба против 55-годишен охриѓанец

Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против (55) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На катарстарска парцела во охридското село Велестово, тој изградил индивидуална семејна куќа без соодветно одобрение за градба што било констатирано и од вонреден инспекциски надзор извршен од овластен градежен инспектор.

Please follow and like us: