На 07.06.2025 во 17.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при слетување со параглајдер, 14-годишник од Прилеп удрил во канделабра. Малолетникот бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ Охрид каде му била укажана помош и биле констатирани телесни повреди. Со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на неговиот татко и за настанот е запознаен Комитетот за истраги за возухопловни несреќи и сериозни инциденти. Увид бил извршен.
Please follow and like us:

