Колумна на Слободан ТОМИЌ: “КРМЗОВ – ЦРНАТА КАСА НА СДСМ И СЕМЕЈСТВОТО ЗАЕВ”

Македонија

Пишува: Слободан ТОМИЌ


Слободан ТОМИЌ

Криминал тежок 90 милиони евра, или само врвот на ледениот брег?

Контроверзниот струмички бизнисмен и кумашин на Вице Заев, Ристо Крмзов, падна како домино од времето на една завршена епоха – времето на СДСМ, Струмица и „неказнивиот картел“. Приведен. Притворен. Обвинет. Прегазен од истиот систем што до вчера го хранеше.

Како функционирала криминалната шема?

Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, од 2019 до 2024 година, Крмзов и неговата мрежа, вкупно 23 физички и 15 правни лица, креирале фиктивни договори, соработувале со инспектори од УЈП, сметководители и блиски роднини, со цел да изведат незаконски поврат на ДДВ во висина од над 90 милиони евра.

Парите се вртеле меѓу „поврзани фирми“, со перење преку продажба на недвижности по екстремно надуени цени. Имоти купувани, згради започнати, комуналии платени, пари префрлани на сметки во Турција. 

Сè, со насмевка и печат од системот.

Зошто токму сега? 

Дали ова е само почетокот?

Падот на Крмзов доаѓа во момент на длабоки политички пресврти во Македонија. 

Заев веќе не е тука. 

Вице нема политичка тежина. 

СДСМ е во длабока сенка, а новата власт, предводена од Христијан Мицкоски, вети чистка од врвот до дното.
Ова не е обичен случај , ова е симболично расчистување со мафијашко-политичките структури кои владееле во тишина.

Крмзов и Еуростандард банка – исчезнатите пари од штедачите?

Од мојата сопствена архива: во 2020 година, кога пропадна Еуростандард банка, се зборуваше дека дел од парите завршиле на сомнителни сметки во странство, преку фирми блиски до СДСМ и Струмичката група.

Името Крмзов тивко се спомнуваше – сега е потврдено.
Над 30 милиони евра од поврат на ДДВ, преку фиктивни фактури, завршувале во таа шема. 

Дел од тие пари биле врзувани со трансакции од пропаднати сметки на Еуростандард. 

Кражба врз кражба. Пљачка врз беда.

Кој е следен? Стравот во редовите на СДСМ

Ако Крмзов проговори – се руши целиот картел. Знае сè:
– Кои политичари му ветувале заштита
– Кои функционери добивале кеш
– Кои инспектори биле „нивни“
Ова не е само финансиски криминал – ова е политичко сведочење.

Клучни прашања:

  1. Зошто УЈП одеднаш реши да поднесе иницијатива против него?
  2. Кој го пушти низ вода Крмзов – и со која цел?
  3. Дали ова значи почеток на судски процес за криминалот на СДСМ од времето на нивната тотална власт?

Каде е Вице Заев , и што знае?

Иако медиумски отсутен, Вице Заев е „на клупа за сведоци“ уште од првиот момент кога падна СДСМ. 

Дали ќе биде повикан?

Ако системот е праведен , мора!
Крмзов не му е само кум, туку и финансиски партнер во сенка.

Мицкоски го најави ова , сега е време за целосна конфискација

Премиерот Мицкоски уште во септември 2024 изјави дека ова е само прва акција и дека ќе следуваат многу други. 

Со оваа операција, се отвора Пандорината кутија на Струмичката мафија.

Ова не смее да заврши само со притвор.

– Конфискација.
– Судење.
– Јавна одговорност.

Ова мора да биде пример.

Народот гледа. Народот чека. Време е за правда!

Ако Крмзов заврши само со 30 дена во Шутка , тоа ќе биде уште една фарса.

Ако проговори, ако паднат имиња, ако се конфискува сè , тоа ќе биде првиот вистински сигнал дека Македонија тргнала кон правна држава.

Овој случај нема да заврши во мрак – ова е само прво поглавје од книгата што треба да се вика:

„ПАДОТ НА ЗАЕВИЗМОТ“

Please follow and like us: