Веќе традиционално четврта година по ред, фестивалот кој е предвесник на богатата културно забавна програма на Охрид, ќе се оддржи на 26-ти 27-ми и 28-ми Јуни ,на кеј Македонија, пред хотелот Палас.
Три дена исполнети со македонска музика и преубаво вино и храна.
Тамара Тодевска, Ареа, Дац и Александар, Влатко Лозановски – Лозано, Брас Брадрс,Д Бекдор Бенд, Куку Леле, Камелеон и многу други изведувачи ќе ја надополнат и онака позитивната атмосфера на винско дегустирање и експлозија на вкусови.
Повеќе од 20 македонски винарии и вкусна охридска храна и деликатеси е тоа што овој фестивал го нуди на посетителите. Покровител на настанот е Општина Охрид, а организатор на истиот е “Крафт продукција”.
За повеќе информации и детали следете ги нашите социјални мрежи : https://www.facebook.com/share/15c3aHsn69/https://www.instagram.com/ohridwinefest?igsh=MWw0eDR4d3JhaW03eQ==


DCIM\106MEDIA\DJI_0067.JPG 





