Акимов за вчерашниот инцидент каде со флаша повреди жена: Јас не сум ГОМНАР…

Македонија

По ултра-насилниот инцидент на вчерашната седница на Советот на Општина Кочани, кој стана вирален хит на социјалните мрежи, со свое јавно обраќање се огласи советникот од коалицијата на СДСМ, Аки Акимов. Советникот на Филипче притоа не заборави да каже Северна Макеоднија во обраќањето. Кажа и што не бил, што ќе оставиме самиот да го појасни во изјавата.

Очекувано, тој негира дека бил главниот виновник за нарушувањето на угледот на институцијата. Небаре, друг фрлаше со флаша и сакаше физички да се пресмета, не тој, никако. Познавачите очекуваа да каже и дека некоја невидлива сила ја движела неговата рака кога замавна со стаклена флаша кон групата сограѓани и повреди семејна жена, правник во општината. Сепак, не, тој е невин, веројатно како солза, виновни биле ВМРО-ДПМНЕ, кои секогаш и за се за СДСМ се „криви“ во државата, па и надвор од неа.

„Правото на говор на советниците е непречено право по деловник за работа на советите во општините во Република Северна  Македонија… Чашата беше прелеана од советникот Алексов кој што го испровоцира целиот настан својствено за него. Јас не калкулирам со мојот авторитет и рејтинг. Јас не сум гомнар, јас сум борец за правда.“, напиша тој.

Кој е Аки Акимов, потсетија медиумите:

-Аки е советник во Општина Кочани од Партијата за Демократски Просперитет на Ромите (ПДПР), коалиционен партнер на СДСМ. Тој бил вработен како раководител на Одделението за јавна чистота во КЈП „Водовод“ – Кочани, каде „активно бил вклучен во сите проекти кои ја засегаат ромската заедница“.

Па, ајде да ги видиме тие проекти.

Неговата медиумска кариера почнува пред околу три години, кога почнува да се жали дека по промената на власта трпел мобинг од страна на директорот на „Водовод“ и на градоначалникот на Кочани, и се наоѓал во тешка состојба поради претрпена психичка и физичка болка.

-Мобингот е специјален начин на вршење притисок врз вработените, така што во овој случај постои вертикален мобинг од градоначалникот и директорот на ЈКП „Водовод“ врз Аки Акиов. Целта на мобингот е веќе постигната, тој се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба. Хоспитализиран е во ЈЗУ Општа болница Кочани, каде што прима терапија. При вршењето на мобингот се запазени сите фази, така што денеска тој се судрува со опасност по животот, ќе рече тогаш Аксел Ахмедовски, претседател на ПДПР.

Во јавноста ќе се прошират и снимки од болничкиот кревет на Аки, опкружен со неговите загрижени сопартијци.

Тие ќе се жалат дека „поради почитувањето на ставовите на нашата партија и поради непочитувањето на политиките на мнозинството му се одземени овластувањата од работна позиција Раководител во ЈП водовод без никакво образложение.“

Арно ама, образложението стигнува веднаш од „Водовод“, од каде ќе потврдат дека Акиов не е деградиран, туку не е раководител во претпријатието заради неквалитетно извршување на работните обврски.

извор: КУРИР

Please follow and like us: