На 23.06.2025 година во 20.30 часот на улицата „Богомилска“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, ги лишија од слобода (31) и (29), двајцата од Охрид. Тие беа затекнати во момент кога (29) на (31) му предал две пакувања со марихуана, кои ги исфрлил откако ги забележал полициските службеници, а кои подоцна беа пронајдени. По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Please follow and like us:

